Кале (Обедник)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Кале — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Обедник. Претставува населба од доцноантичко време и средниот век. Се наоѓа на 500 м северозападно од селото, на висок рид што доминира над околниот терен. На самиот врв, кој е зарамнет, се гледаат контури од одбранбен бедем ѕидан од камен и варов малтер, чија широчина од 1,90 м е зачувана на северозападната страна. По површината на калето има траги од ѕидови на други објекти, грамади од градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и питоси.[1] Кај месните жители ова наоѓалиште е познато под името Куќата на Кралот.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Стара Корија — црква од средниот век;
- Стари Лозја — населба и топилница од доцноантичко време;
- Сува Река — сакрален објект и некропола од доцноантичко време;
- Обедник;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Обедник
- Археолошки наоѓалишта во Општина Демир Хисар
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Демирхисарско