Грамаѓе (Радово)
Поврзано
Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Радово. Претставува населба, некропола и рудник од римско време. Се наоѓа на 1,5 км северно од селото, во месноста Долна Ливада каде има рудник за мермер со разни бои (бела, сина, сива и розова). Околу него има траги од рударска населба на која упатуваат фрагментите од керамички садови, имбрекси и покривни ќерамиди што се видливи по површината. Во нива ма еден месен жител на селото биле откопани повеќе гробови кои претставуваат дел од некропола.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Клаинец — некропола од средниот век;
- Краста — некропола од средниот век;
- Манастириште — црква од средниот век;
- Радово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Радово (Демирхисарско)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Демир Хисар
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Демирхисарско
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на рудник