Градиште (Големо Илино)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карта

Местоположба 41°19′0″N 21°4′59″E / 41.31667° СГШ; 21.08306° ИГД / 41.31667; 21.08306Координати: 41°19′0″N 21°4′59″E / 41.31667° СГШ; 21.08306° ИГД / 41.31667; 21.08306
Основни податоци
Место Големо Илино
Општина Демир Хисар
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период хеленистичко време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Големо Илино. Претставува населба од хеленистичко и доцноантичко време. Се наоѓа на 1,2 км североисточно од селото, на висок рид што се издига над Илинска Река. На површината се гледаат остатоци од одбранбен ѕид - бедем, а во оградениот простор има фрагменти од доцноримски керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Најдени се и повеќе монети од IV-VI век (Константин I, Јустинијан I), како и предримски монети од Александар III Македонски, ковани во Пела. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069