Грамаѓе (Кочиште)
Грамаѓе или Зад Задел — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Кочиште. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на 300–500 м јужно од селото, на простор од 150 × 100 м, во ниви на локални мештани, каде се откриени ѕидови од објекти градени од кршен камен и варов малтер. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, а откриени се и гробови со конструкција од камени плочи, во кои биле најдени белезици од стаклена паста.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Манастириште — сакрален објект од доцноантичко време;
- Ќерамидница — населба од доцноантичко време;
- Кочиште;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Кочиште
- Археолошки наоѓалишта во Општина Демир Хисар
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Демирхисарско