Стари Гробишта (Света)
Стари Гробишта или Црквиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Света. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 200 м југозападно од селото, каде во 1970 година е изградена новата црква „Св. Петка“. Таа е подигната врз стари темели, кои се видливи, што ѝ припаѓале на некогашната црква Св. Пантелејмон. Околу црквата се откриени гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад. Во сегашната црква се наоѓа чесна трпеза од мермерен блок со натпис посветен на жител од селото.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Широка Леска — населба и некропола од средниот век;
- Света;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Света
- Археолошки наоѓалишта во Општина Демир Хисар
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Демирхисарско