Црква „Св. Петка“ - Света

Координати: 41°15′45.1″N 21°16′19.8″E / 41.262528° СГШ; 21.272167° ИГД / 41.262528; 21.272167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Крушевско-демирхисарско
Парохија Бучинска
Местоположба

Карта

Координати 41°15′45.1″N 21°16′19.8″E / 41.262528° СГШ; 21.272167° ИГД / 41.262528; 21.272167
Место Света
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Завршено 1970 / среден век
Архитектонски опис

Св. Петкацрква во демирхисарското село Света, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен веднаш јужно од селото. Според натписот над јужниот влез, црквата е изградена во 1970 г. и го споменува нејзиниот ктитор и тогашен свештеник.[1] Подигната е врз темели на средновековната црква „Св. Пантелејмон“.[2] Според месното предание, Турците ја запалиле таа црква бидејќи во олтарот нашле бочви вино кои жителите ги скриле со намера да не платат ушур (данок) за лозје.[3]

Околу црквата се откриени средновековни гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад. Во сегашната црква се наоѓа чесна трпеза од мермерен блок со натпис посветен на жител од селото. Во дворот има и воени гробишта од Првата светска војна кои бугарската војска ги подигнала за своите загинати војници.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Света“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-22. Посетено на 22 август 2018.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 142. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 68. ISBN 978-608-65616-4-2.