Бучинска парохија
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Бучинска парохија — македонска православна парохија, дел од Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Парохијата ги опфаќа селата Бучин, Воѓани, Света, Единаковци, Пресил и Милошево. Парохиски свештеник е протоереј Симон Мургоски (сост. 2017). Седиштето на парохија е во бучинската црква „Рождество на Пресвета Богородица“.
Цркви[уреди | уреди извор]
Ова е список на црквите во парохијата.[1] Можно е списокот да е нецелосен.
име | населено место | изградена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ (парохиски храм) |
Бучин | ||
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Бучин | 14 век | |
Црква „Св. Димитриј“ | Бучин | возобновена во 21 век | ![]() |
Црква „Св. Пантелејмон“ | Света | 1905 | ![]() |
Црква „Св. Петар и Павле“ | Света | ||
Црква „Св. Никола“ | Воѓани | 19 век | |
Црква „Св. Никола“ | Единаковци | ||
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ | Пресил | ||
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Пресил |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
![]() |
„Бучинска парохија“ на Ризницата ? |