Пресил
Пресил — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Пресил имало 320 жители, сите Албанци.[1]
Според последниот попис од 2002 година, во Пресил живеат 444 жители и претставува средна по големина населба.[2]
Од 1953 година, селото бележи континуирано намалување на населението, а во поглед етничкиот состав е интересно што во 1961, мнозинска заедница биле Македонците, во пописните 1953, 1971,1981 и 1991 години мнозинство биле Турците, а во 1994 и 2002 пак, мнозинството го преземаат Албанците.
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 696 |
1953 | 111 | 12 | 655 | — | — | — | — | 6 | 784 |
1961 | 394 | — | 336 | — | — | 3 | — | 12 | 745 |
1971 | 270 | 12 | 293 | — | — | 2 | — | 2 | 579 |
1981 | 147 | 34 | 259 | — | — | 3 | — | 113 | 556 |
1991 | 59 | 127 | 273 | — | — | — | — | 62 | 521 |
1994 | 37 | 323 | 121 | — | — | — | — | — | 481 |
2002 | 23 | 392 | 29 | — | — | — | — | — | 444 |
Родови[уреди | уреди извор]
Пресил е мешано македонско-албанско село, Македонците се православни, додека Албанците муслимани. Сите родови во селото се доселенички. Некогаш ова село било чисто македонско, но како почнале Албанци да го населуваат Македонците почнале да се иселуваат. Па така во околните села постојат многу македонски родови со потекло од Пресил.
Албански родови во селото се:
- Доселеници: Рапајчевци (8 к.), први доселеници, доселени се на почетокот на XIX век од Горенци кај Дебар, основачот на родот имал жена православна; Журевци (9 к.), потекнуваат од браќата Исмаил и Фејзо, го знаат следното родословие: Мемет (жив на 70 г. во 1951 година) Мерсим-Синан-Исмаил кој се доселил од Жура во Албанија; Хасај (6 к.), доселени се од Хас во Албанија; Тафај (4 к.), доселени се од околината на Долен Дебар; Беќировци (9 к.), Ризмановци (6 к.), Рушитовци (6 к.), Суљовци (4 к.), Демировци (3 к.), Дудуковци (3 к.), Џаферовци (4 к.), Зеќировци (3 к.), Бубевци (2 к.), Спаиовци (2 к.), Ољај (2 к.), Суљчевци (2 к.), сите овие родови се доселени со непозната старина.
Македонски родови во селото се:
- Доселеници: Секуловци (2 к.), доселени се во 1928 година од селото Ракитница во Железник; Настевци (7 к.), доселени се од селото Куратица во Охридско; Трајковци (1 к.), доселени се од селото Бирино, во 1942 година, таму се доселени од некое село во Железник; Милошевци (3 к.), доселени се 1928 година од селото Железнец во Железник; Филиповци (1 к.) доселени се 1930 година од селото Базерник во Железник; Вељановци (1 к.), доселени се 1943 година од селото Ново Село во Железник; Буревци (2 к.), доселени се од селото Цер во Железник, во 1928 година и Левковци (1 к.), доселени се исто така од селото Цер, во 1933 година.[4]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1195 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 384 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Ѓупски Гробишта — некропола од средниот век;
- Ограда — некропола од доцноантичко време;
- Св. Богородица - страрохристијански сакрален објект;
- Трска — населба од доцноантичко време;
- Штрбел — водовод од доцноантичко време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Во јули 2018 година е оформен фудбалски клуб Влазними Јуниор.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_36.htm
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 316.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|