Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Единаковци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоКрушевско-демирхисарско
ПарохијаБучинска
Местоположба

Карта

Координати41°15′45.9″N 21°14′56.5″E / 41.262750°N 21.249028°E / 41.262750; 21.249028
МестоЕдинаковци
ОпштинаДемир Хисар
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
Завршено1884
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабен
Стилпреродбенички

Св. Николацрква во демирхисарското село Единаковци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен на североисточниот крај на селото. Претставува еднокорабна градба со полукружен свод. На северната и јужната страна одвнатре има по два пиластра кои го продолжуваат сводот и служат за потпора. На исток има полукружна апсида со четири плитки ниши од надворешната страна. Влезот е од делкан камен, а покривот е на две води со камени плочки. На запад има трем и камбанарија.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 35. ISBN 978-608-65616-4-2.