Црква „Св. Пантелејмон“ - Света
Свети Пантелејмон | |
Фреска со Кирил и Методиј | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
| Парохија | Бучинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°16′13.0″N 21°16′12.6″E / 41.270278°N 21.270167°E |
| Место | Света |
| Општина | Демир Хисар |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Пантелејмон |
| Изградба | 1905 - 1910 |
| Осветување | 1911 |
| Живопис | 1913 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабен |
Св. Пантелејмон — црква во демирхисарското село Света. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен на самиот северен крај на селото. Изградбата започнала во 1905 и завршила во 1910 година. Осветена е во 1911 година. Претставува еднокорабна градба со полукружна апсида и трем на запад. Има полукружен свод, а на запад има таваница. Ѕидаријата е од кршен камен, а аглите, отворите и венецот се од делкан камен. На запад над женската црква подоцна е изградена шестострана камбанарија, покриена со лим. Фасадите се фугирани, а апсидата е малтерисана. Храмот е живописан во 1913 година од истакнатиот мијачки мајстор Јаков Мажовски.[1]
Во 1924 година покривот е поправен, а одделни фрески се повторно зографисани.[2]
Слики
[уреди | уреди извор]- Живопис од црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 299.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 68. ISBN 978-608-65616-4-2.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Пантелејмон“ - Света на Ризницата ?


