Единаковци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Единаковци
Панорама на Единаковци.jpg

Панорама на Единаковци

Единаковци is located in Македонија
Единаковци
Местоположба на Единаковци во Македонија
Координати 41°15′41″N 21°14′48″E / 41.26139° N; 21.24667° E / 41.26139; 21.24667Координати: 41°15′41″N 21°14′48″E / 41.26139° N; 21.24667° E / 41.26139; 21.24667
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Област Железник
Население 338[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Надм. вис. 598 м
Слава Св. Никола Мириклиски[2]
Единаковци на општинската карта

Атарот на Единаковци во рамките на општината


Единаковци (се сретнува и како Единаково) — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Панорама на Единаковци

Единаковци се наоѓа во источниот дел на Општина Демир Хисар потегот на излезниот дел на Црна Река во Пелагонија. Селото е рамничарско на надморска височина од 670 метри. Од Демир Хисар селото е оддалечено 7 километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од зборот единак, што претставува име за чешел за лен.

Селската црква „Св. Никола“ потекнува од 1884 година.[3]

Во XIX век селото е дел од Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има поледелско-сточарски карактер[4]. Во Единаковци има и млин за мелење пченично брашно „Жито Брест“ со 15 вработени лица[4]. Во селото има две колонијални продавници. Населението се занимава со одгледување на тутун, градинарство (пипер), одгледување на овци (200) и крави (100), живина и сл[4]. Секоја куќа има трактор, значи над 100 трактори, 1 комбајн, неколку камиони, а има и косачки, балерачи и др[4].

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Единаковци живееле 300 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Единаковци имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Во Единаковци живеат 338 жители, сите се Македонци.[7]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[8]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 300[5] 320[6] 580 639 588 596 552 475 384 338

Родови[уреди | уреди извор]

Единаковци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[9] year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>

  • Доселеници: Котевци и Лутовци (15 к.) доселени се од раселеното село Љутоица кое постоело кај селото Вардино. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 100 г. во 1952 година) Никола-Коте-Вељан, кој се доселил; Главевци (30 к.) се делат на Мирчевци, Цветановци, Милошовци и Трпчевци. доселени се од некое место во Прмет во Албанија. Го знаат следното родословие: Спиро (жив на 80 год, во 1952 година) Ристе-Лозан-Кочо, предокот кој се доселил; Барбовци или Стојановци (1 к.) стари деленици од Главевци; Божиновци и Јанковци (5 к.) доселени се од Шумадија во Србија; Ортаковци или Сиљановци (5 к.) доселени се од селото Вардино; Темелковци со Нешковци (8 к.) доселени се од селото Бирино; Јанкуловци или Анчевци (4 к.) доселени се од некое место кај Пелистер (Баба), Битолско; Паспаловци (1 к.), Радевци (1 к.), Шеклевци (1 к.), Домазетовци (1 к.) и Алексовци (2 к.) доселени се однекаде.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Единаковци, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 625 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 240 гласачи.[12]


Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Димитров, Никола В (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 35. ISBN 978-608-65616-4-2.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Димитров, В., Никола (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар. Битола. стр. 34–35. ISBN 978-608-65616-4-2.
  5. 5,0 5,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
  6. 6,0 6,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  9. Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  10. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Посетено на 26 јули 2016.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. 13,0 13,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  14. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  15. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]