Велмевци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Велмевци
Викиекспедиција Железник 4.jpg

Поглед на самото сретсело во Велмевци

Велмевци се наоѓа во Македонија
Велмевци
Местоположба на Велмевци во Македонија
Координати 41°20′46″ СГШ 21°05′50″ ИГД / 
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски регион
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Општина Демир Хисар
Област Железник
Население 7[1] жит.
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Надм. вис. 944-957 м
Commons-logo.svg Велмевци на Ризницата


Велмевци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Се простира на падините на Илинска Планина, на патниот правец Кичево-Битола, 25 километри од градот Кичево. Селото обилува со извори, со букова и дабова шума.[2]

Атарот на селото зафаќа површина од 12,1 км², кој се состои од 211,1 хектар обработливо земјиште, 233,3 хектари пасишта и 729 хектари шуми.

Велмевци се наоѓа на надморска височина од околу 944-957 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото било населено уште од предантичко време, а за прв пат во туските документи се спомнува во 1468 година.

Во 19 век, Велмевци се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Во текот на долгата историја забележано е по Брсјачката буна и Илинденското востание во кои настани велмешани активно учествувале. Во црквата Св. Илија било осветено востаничкото знаме за Демир Хисар за време на илинденското востание и учествувале многу мажи и жени.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Велмевци имало 800 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Велмевци имало 960 жители.[4]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 800 960 619 511 227 124 87 26 18 7
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште во Велмевци
  • Поранешно основно училиште, кое престанало со работа во 1960-тите години[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Велмевци, се наоѓале и селата Големо Црско, Кладник, Мало Црско, Прострање и Цер. Општината Мало Црско постоела и во периодот 1950-1952.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква во Велмевци
Археолошки локалитети[9]
Цркви[10]
  • „Св. Илија“ — изградена во 1838 година. Иконостасот е направен од Серафим од Тресонче, во 1873 година. Од тој период е и фрескоживописот, кој го има на целата површина во внатрешноста на црквата.
  • „Св. Богородица“ — постара од црквата „Св. Илија". Иконостасот е изработен во 1875 година од мијачки резбари.
  • „Св. Петка“ — изградена во 1999 година.
  • „Св. Марена“ — средновековна црква чии остатоци се наоѓаат над селото. Црквата е во урнатини.
Гробишта
  • Вечното почивалиште на славниот војвода Јордан Пиперката заедно со неговата дружина, каде се наоѓа и споменик.
Споменици
  • Споменик на народниот херој Јанкула Јосифоски

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Селската чешма на која стои фудбалска топка, во чест на првата фудбалска екипа во селото создадена во 1909 година.
Родени во Велмевци
Други

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Првата фудбалска екипа во селото било создадена во 1909 година, многу години пред тоа да се случи во многу поголеми места и градови низ Mакедонија.

Како спомен на првата фудбалска екипа, чешмата на сретсело има камена топка.[8]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Многу од велмешаните денес живеат во Битола, Прилеп, Кичево, Скопје, Ресен, Охрид.[8] Некои од нив живеат и надвор од Македонија во Бугарија, Србија, Романија, Хрватска, Шведска, Германија, Франција, Канада, САД, Австралија итн.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 1 јули 2016 г. 
  2. Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. 8,0 8,1 8,2 Антоски, Зоран. „Во кичевското село Велмевци фудбал се играло пред 107 години“, „Нова Македонија“, 23 август 2016 (конс. 23 август 2016 г). (на македонски)
  9. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Велмевци-предци и потомци, Д-р Никола В. Димитров. - Скопје, 2009

Надворешни врски[уреди | уреди извор]