Киро Дојчиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Киро Дојчиновски
Роден(а)19 август 1937
Велмевци, Демирхисарско, Југославија
Починал(а)6 јуни 2014
ОбразованиеУниверзитет Св. Кирил и Методиј
Занимањеисторичар и политичар

Киро Дојчиновски (Велмевци, Демирхисарско, 19 август 1937) беше југословенски и македонски историчар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дојчиновски е роден во 1937 година во демирхисарското село Велмевци. Завршил Филозофски факултет на Универзиитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирал во Загреб, а докторирал на темата „Културното наследство на Македонија преку пишаниот збор“ во Сараево. Бил раководител на Македонска библиографија во НУБ „Св. Климент Охридски“, бил директор на Државниот архив на Македонија[1], бил Председател на Дирекцијата за култура и уметност во град Скопје и бил пратеник во Собранието на Македонија (2002 - 2006)[2].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Дојчиновски има напишано над десет книги, некој негови, некој напишани со други ко-автори :

  • “Скопје низ вековите“ првпат издадена 1994
  • “Занаетите и еснафите во Скопје“ првпат издадена 1996
  • “Актуелни задачи на архивите во времето на транзицијата“ првпат издадена 1996
  • “Старата Скопска чаршија“ првпат издадена 1996
  • “Творештвото на браќата Манаки-зборовник“ првпат издадена 1996
  • “Настаните на Скопското Кале,7 јануари 1945-документи“ првпат издадена 1997
  • “Занаетчиска комора на Скопје“ првпат издадена 1997
  • “Скопје во НОВ 1941-1945, книга 1“ првпат издадена 1997
  • “Македонија низ вековите“ првпат издадена 1999
  • “Скопје-Паралели“ првпат издадена 1999
  • “Тие му дадоа белег на векот“ првпат издадена 2000
  • “Запаметено минато“ првпат издадена 2001
  • “Документи за воената организација во Македонија 1941-1944, книга 1“ првпат издадена 2001
  • “Комуналниот систем и локалната самоуправа во Скопје 1944-2005“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Makedonski arhivist (16 издание). Društvo na arhivskite rabotnici i arhivite vo SR Makedonija. 
  2. "Пратенички состав" (македонски). Собрание на Македонија. конс. 2011-01-12.