Прејди на содржината

Велмеј

Координати: 41°17′53″N 20°54′05″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД / 41.29806; 20.90139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Велмеј

Поглед на селото Велмеј од црквата „Св. Ѓорѓи

Велмеј во рамките на Македонија
Велмеј
Местоположба на Велмеј во Македонија
Велмеј на карта

Карта

Координати 41°17′53″N 20°54′05″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД / 41.29806; 20.90139
Регион  Југозападен
Општина  Дебрца
Област Дебрца
Население 260 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19008
Надм. вис. 860 м
Велмеј на општинската карта

Атарот на Велмеј во рамките на општината
Велмеј на Ризницата

Велмеј — село на Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Велмеј се наоѓа во подрачјето на областа Долна Дебрца, на 13 километри источно од магистралниот пат ОхридКичево. До селото се доаѓа по асфалтен пат, кој се двои од западната магистрала Охрид – Кичево кај селото Ботун, поминувајќи низ селата Белчишта и Лешани.

Се наоѓа на западните падини на Илинска Планина. Од северната и источната страна е заградено со планински масиви на Илинска Бигла (од исток со Килаец – 1.068 м, од север со Чуки – 1.303 м), а на западната и јужната страна се простира Велмешкото Поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.

Подрачјето на селото Велмеј зафаќа површина од 39,3 квадратни километри (3.928 хектари) или 10% од територијата на Дебрца и се наоѓа меѓу подрачјата на селата Прострање, Велмевци, Големо Илино и Брежани од исток и југоисток; Куратица и Лешани од југ и југозапад; Грко Поле и Горно Средоречие од запад и Сошани и Оздолени од север и северозапад.

Велмеј е село од збиен тип, што е одлика за сите села од Дебрца. Се дели на следните краеви: Горни Чифлик или Црниноска Маала, Долни Чифлик или Славкоска Маала. Општо, селото е поделено на Горна и Долна Маала, а поодделно секое маало го добило името според презимето на поголемиот дел од семејствата што живеат тука. Денес, Велмеј е најголемото село во подрачјето на Дебрца, како по бројот на жителите, така и по бројот на домаќинствата.

Панорамски поглед на Велмеј, погледнато од црквата „Св. Ѓорѓи“ над селото

Историја

[уреди | уреди извор]
Петре Пирузе, командант на II оперативна зона, говори пред борците во село Велмеј, Дебрца, 1944 година

Древно време

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Велмеј е населено уште во палеолитот.[2] Местото останало населено и активно низ сите векови, па сè до денес. Ова се гледа по исклучително големиот број на археолошки наоѓалишта во атарот.

Во Османлиското Царство

[уреди | уреди извор]

Селото за првпат се споменува во пописниот дефтер на Охридскиот санџак од 1582 година, кога селото имало вкупно 660 жители (126 христијански семејства и 14 самци и 3 муслимански семејства и 1 самец), со што уште тогаш било најголемо село во нахијата Дебрца и второ во Охридската каза (зад Вевчани).[3] Оттука, се претпоставува дека името Велмеј потекнува од старословенскиот збор „велми“ што значи најголем.

Подоцна, според извештајот на австрискиот вицеконзул Крал од 1898 година, селото имало 509 жители (сите Македонци), при што тоа било осмо село по големина во охридскиот крај.[4]

Во периодот пред и по Илинденското востание, Велмеј ја делело судбината на останатите македонски села. Така, во летото 1902 год., во селото влегла разбојничката чета на Билјал Баланца со 400 арамии, која го опљачкало селото убивајќи неколку селани.[5] За време на востанието, во Велмеј бил биле стационирани 50 турски војници. На Илинден, четите на војводите Андон Кецкаров и Наум Цветанов, тргнале од селото Брежани и го нападнале аскерот во велмешките кули и, притиснат од востаниците, утредента аскерот се повлекол кон селото Издеглавје, но таму паднал во заседа поставена од велмејската и брежанската чета, при што во борбата биле убиени десетици турски војници.[6]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Поглед на рудникот „Велмеј“ од селската црква во Горно Средоречие

Уште од многу одамна, Велмеј имал важно место во стопанството на Дебрца и на охридскиот крај: Така, турските извори кажуваат дека селото било голем производител на коноп.[7] Според турскиот попис од 1582 г., Велмеј било втор по големина производител на јачмен во охридската каза со род од 600 товари (90 тони)и еден од најголемите производители на ‘рж со 600 товари. Исто така, во Велмеј имало 300 свињи, со што било на трето место во охридската каза, а селото било и еден од најголемите производители на зелка. Понатаму, во селото имало 7 воденици и 5 валалници (најмногу во Дебрца), а се произведувало наут и боја, иако овие производи немале поголемо стопанско значење.[8] Најпосле, горниот попис кажува дека во Велмеј живееле двајца соколари чија служба прекратила веројатно затоа што не добиле писмена исправа (берат) за своето занимање.[9] Исто така, според турските извори, не само што селаните работеле на чифлиците, туку во Велмеј имало и македонски земјопоседници, како што биле Грдан Точко, а потоа и син му Миладин.[10]

Денес, од целокупната површина на селото, 55,3% се наоѓаат под шуми и пасишта, 22,4% се обработливи површини, а 22,3% е неплодно земјиште. Оттука, главно занимање на селаните е земјоделието. Во продолжение, во селото работат и следниве претпријатија:

  • Рудник Велмеј, кое се занимава со ископ и преработка на камен, травертин, гранит и мермер
  • Илина д.о.о., кое произведува и полни вода за пиење

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.186—    
19531.257+6.0%
19611.217−3.2%
19711.091−10.4%
1981912−16.4%
ГодинаНас.±%
1991639−29.9%
1994582−8.9%
2002511−12.2%
2021260−49.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Велмеј имало 700 жители, сите Македонци христијани.[11] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Велмеј имало 784 жители.[12]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велмеј е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 75 куќи.[13]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.000 Македонци.[14]

Според пописот од 2002 година, во селото Велмеј живееле 511 жители, сите Македонци.[15]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 260 жители, од кои 252 Македонци и 8 лица без податоци.[16]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 700 784 1.186 1.257 1.217 1.091 912 639 582 511 260
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[17]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[18]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[19]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[20]

Велмеј е македонско село.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Основно училиште „Дебрца“ до IX одделение[23], подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Било изградена во 1919 година. Инаку, на почетокот на XX век, во Велмеј постоело бугарско егзархиско училиште, со еден учител и 33 ученици,[24] додека во периодот 1912-1915 г. имало српско школо со една паралелка и еден учител.[25]
  • Задружен дом — изграден непосредно по Втората светска војна, каде што е сместена месната заедница, а исто така, има сала и простории за општествено-политичките организации од селото
  • Здравствена станица

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Велмеј, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Велмеј било седиште на некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1320 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на здружен дом.[26]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 291 гласач.[27]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Никола“, заедно со селските гробишта, сместена на сретселото
Поглед на црквата „Св. Ѓорѓи“, заедно со камбанаријата, сместена над селото
Средновековната црква „Св. Богородица Ќелија“, сместена надвор од селото
Цркви[28]
  • Црква „Св. Никола“ — главна селска и гробјанска црква; сместена во средишниот дел на селото, потекнува од XIII век, а сегашниот архитектонски изглед датира од XIX век. Во црквата има иконостас, со икони кои датираат уште од XVI и XVII век, како и интересен резбан владички престол. Според пишувањето на рускиот патописец Виктор Григорович од 1845 г., при преправката на црквата, селаните вградиле стари ракописи и книги во ѕидовите на црквата од страв да не бидат уништени од грчките фанариоти.[29]
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — се наоѓа на североисточниот дел од селото, на едно возвишение; на доминантно место на североисточниот дел од селото, на едно возвишение е поставена втората цркава во селото - Св. Ѓорѓија, градена од делкан камен, со купола во средишниот дел и полукружна апсида. Црквата е обновена во 1931 г. и во неа се наоѓаат икони од XVII и XVIII век.[30]
  • Црква „Св. Богородица Ќелија“ — се наоѓа надвор од селото, на југоисточната страна;
  • Црква „Вознесение Христово“ — најновата селска црква. Градена во периодот 2001-2014;[31]
Чешми
  • Чешма „Исток“ — во западниот дел од селото се наоѓа импозантна чешма наречена „Исток“, која располага со обилна вода што тече низ 18 дулци. Тука е поднигната и спомен-плоча на паднатите борци од селото во НОВ и Илинденското востание. На „Истокот“ се изведува и еден од главните церемонијали на свадбата – „Носење на вода од невестата“. Денес низ селото има водовод изграден во 1982 година, но сепак „Истокот“ сѐ уште ја има онаa стара традиција на собирање на велмешани.
Пештери
  • Јаорец — пештера североисточно од селото, долга 76 метри

Археолошки наоѓалишта

[уреди | уреди извор]

Притоа, во овие наоѓалишта се пронајдени и одредени предмети, кои денес претставуваат дел од збирката на Охридскиот музеј: На пример, во месноста Кутлина се пронајдени обетка и прстен од бронза од XII-XIII век; во Горнполоско Градиште се најдени два бронзени прстени од XIV век, како и бронзен крст реликвијар - енколпион (украсен со претстава на Христос), кој е еден од шесте вакви крстови најдени во охридскиот крај, а веројатно потекнува од XI - XII век.[33]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Велигден — собир со бајраци и крстови околу селото и низ него, при тоа се пеат стиховите „крст носам, бога молам, кај што врват чесни крсти, да е чесен бериќетот...“;[34]
  • Илинден

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
  • ФК Илинден — освоен куп на регион 2006, прво место во регионот

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Емиграцијата не е толку силно изразена и не оставила траги на изгледот на селото, иако во старосната структура на населението преовладуваат постарите групи. Поголемиот број бели фасади на куќите, асфалтот што минува низ селските улици, современите уреди во домаќинствата даваат впечаток дека овде е присутен современ динамички начин на живеење.

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948 година:

  • од Нечевци има иселеници во: Драслајца (едно семејство, од 1870 година), Долно Лакочереј (едно семејство, од 1882 година) и во Охрид (едно семејство, од 1903 година)
  • од Аневци иселеници има во: Јабука, Војводина (едно семејство, од 1946 година)
  • од Мишовци иселеници има во: Романија (три семејства од 1878 година).
  • од Чутуровци има иселеници во: Охрид (едно семејство, од 1903 година), Битола (едно семејство, од 1919 година), Бејрут, Либан (едно семејство, од 1919 година) и во Пловдив, Бугарија (едно семејство, од 1924 година)
  • од Караблажевци иселеници има во: Илино, Големо или Мало? (1, како домазет од 1928 година, Доне Војдиноски).
  • од Црниновци иселеници има во: Америка (едно семејство, од 1903 година)
  • од Неделковци иселеници има во: Јужна Америка (едно семејство, од 1922 година)
  • од Волчевци иселеници има во: САД (едно семејство, од 1922 година)
  • од Николевци иселеници има во: Јужна Америка (едно семејство, од 1922 година).

Родот Наумовци (2 к.) во 1905 година се иселил во селото Сопотница, Железник. Родот Кочовци во 1870 година се иселил во Охрид, во Велмеј припаѓале на некој род.[38]

Според податоците од 1984 година, до тој момент од селото имало иселено 273 семејства. Иселени на следните места

Охрид, Струга, Струмица, Ресен, Скопје, Велес, Битола, Кочани, Пробиштип, Штип, Тетово, Прилеп, Куманово, Мостар, Ниш, Неготин, Белград. Како и во државите Австралија, Германија, Швајцарија, Аргентина, САД, Албанија, Сирија, Бугарија, и др.[22]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 242. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), Институт за национална историја-Скопје, Скопје, 1987, стр. 28-30.
  4. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), стр. 161-162.
  5. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), стр. 157.
  6. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), стр. 223-227.
  7. Охрид и охридско низ историјата (книга прва), Институт за национална историја-Скопје, Скопје, 1985, стр. 28.
  8. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), стр. 82-94.
  9. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), стр. 56.
  10. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), стр. 46.
  11. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  12. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  13. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
  14. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  15. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 септември 2016.
  16. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  17. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  18. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  19. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  20. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  21. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ.
  22. 22,0 22,1 Смилески, Димитар (1984). Велмеј. Охрид.
  23. „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 22 август 2016.
  24. Д.М.Бранков, Македонија и нејзиното христијанско население, Либрери Плон, Париз, 1905, стр. 162-163 (D.M. Brancoff, La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Librairie Plon, Paris, 1905, рp. 162-163).
  25. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), стр. 281.
  26. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  27. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  28. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  29. Викторија Поповска-Коробар, Митре Велјаноски и Милан Ракочевиќ, Света Богородица Пречиста - Ќелија, Скенпоинт, Скопје, 2009, стр. 22-24.
  30. Гоце Ангелични – Жура, Христијански храмови и свети места во Охридско, Охрид, 2007.
  31. Осветена црквата „Св. Спас“ во село Велмеј
  32. Викторија Поповска-Коробар, Митре Велјаноски и Милан Ракочевиќ, Света Богородица Пречиста - Ќелија, Скенпоинт, Скопје, 2009, стр. 14-22.
  33. Охрид и охридско низ историјата (книга прва), стр. 299.
  34. Ѓорѓевски, Бранко (23 април 2016). „Ѕидовите на велмејската црква „Свети Никола" кријат ракописи стари 600 години“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Архивирано од изворникот на 2016-06-24. Посетено на 20 септември 2016.
  35. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I , дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 476–480.
  36. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  37. 37,0 37,1 37,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  38. Русиќ, Бранислав. Дебрца-Велмеј. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]