Вишин Дол (Велмеј)
Изглед
„Вишин Дол“
| |
Местоположба | 41°17′48″N 20°54′49″E / 41.29667° СГШ; 20.91361° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Вишин Дол — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба и топилница од доцноантичко време.
На 2 км источно од селото има висок рид со зарамнет врв на кој се зачувани остатоци од темели на бедем, а на површината има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во подножјето на ридот, во нивата на М. Неделкоски, освен фрагменти од керамика, се среќава и згура од топена железна руда.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 241. ISBN 9989-649-28-6.