Прејди на содржината

Шивлица (Велмеј)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шивлица

Карта

Местоположба 41°18′00″N 20°53′45″E / 41.30000°N 20.89583°E / 41.30000; 20.89583
Основни податоци
МестоВелмеј
ОпштинаДебрца
Тип

 црква


Период ран среден век
Портал „Археологија“

Шивлицаархеолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува црква од раниот среден век.

На околу 100 м северозападно од селото, северно од наоѓалиштето Попов Дол, над горниот меѓуселски пат Велмеј-Горно Средоречие има пошумена ридеста падина на која се наоѓаат остатоци од урната црква. Се забележуваат купишта од градежен материјал, со правец на протегање север-југ (отстапување североисток-југозапад), а со вкупни димензии од 20 × 6 м. Апсидната ознака се наоѓа во источниот дел од јужната половина на урнатината. Ова најверојатно е во врска со населбата и гробиштата од Попов Дол и Калуѓерица.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 244. ISBN 9989-649-28-6.