Петте Дабје (Велмеј)
Изглед
„Петте Дабје“ | |
| Местоположба | 41°17′20″N 20°54′24″E / 41.28889°N 20.90667°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Велмеј |
| Општина | Дебрца |
| Тип |
|
| Период | римско време |
| доцноантичко време | |
| Портал „Археологија“ | |
Петте Дабје — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од римско и доцноантичко време.
Се наоѓа на околу 1 км југоисточно од селото, лево од меѓуселскиот пат Велмеј-Брежани, на простор кој образува блага падина, а целиот претворен во обработливи ниви и лозја. Во нивата на Соте Галабоски при орањето се откриени повеќе археолошки предмети (железни ножеви, делови од узди, белезици, бронзени обетки, стаклени садови и керамички фрагменти) кои припаѓале на некропола која постоела мошне долго време.[1]
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 243. ISBN 9989-649-28-6.
