Селце (Велмеј)
Селце — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува населба од развиениот среден век.
На просторот на превојот меѓу Велмешкото Градиште јужно и планината Близна северно, оддалечен 2 км воздушна линија североисточно од селото, се забележуваат повеќе грамади камења и урнатини од ѕидови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 243. ISBN 9989-649-28-6.