Иванова Ливада (Велмеј)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иванова Ливада
археолошко наоѓалиште
Иванова Ливада is located in Македонија
Иванова Ливада
Местоположба на Иванова Ливада во Македонија
Местоположба 41°17′53″N 20°54′5″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД / 41.29806; 20.90139Координати: 41°17′53″N 20°54′5″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД / 41.29806; 20.90139
Основни податоци
Место Велмеј
Општина Дебрца
Тип

Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период ран среден век
Портал „Археологија“

Иванова Ливада или Иконаархеолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна црква и некропола. Во јужниот дел на именуваната нива, која лежи лево од патот Велмеј - Лешани, на 1 км југозападно од селото, се наоѓа, зарамнета височинка формирана од урнатини на црковна градба. На нејзината средина стои бигорна плоча со димензии: 1.37 × 0.745 (0.685) × 0.11 м. Во горниот дел е вдлабена полукружна ниша(0.23 × 0.18 × 0.03 м), покрај која лево и десно е вдлабен натпис во три реда со старословенски букви (во транскрипција: ПРИЛ.. РИСТО ГОРГИО..) Своевремено плочата била дел од надгробна конструкција. Наоколу се забележуваат остатоци од основата на надградбата.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069