Дере (Требеништа)
(Пренасочено од Дере - Кај Чешмата (Требеништа))
Дере или Кај Чешмата — археолошко наоѓалиште во охридското село Требеништа, Општина Дебрца. Претставува населба од бронзеното време.
Во северозападниот дел на селото, лево од патот Охрид - Кичево, веднаш до некогашната чешма, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови. При копањето на земјата за изработка на тули, на длабочина од 0,80 м е откриена јама во која е најдена фрагментирана камена секира со отвор за држалка на средината.[1]
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 277-278. ISBN 9989-649-28-6.