Требенишко кале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Требенишко кале
археолошко наоѓалиште
Требенишко кале is located in Македонија
Требенишко кале
Местоположба на Требенишко кале во Македонија
Местоположба 41°12′11″N 20°46′06″E / 41.20306° СГШ; 20.76833° ИГД / 41.20306; 20.76833Координати: 41°12′11″N 20°46′06″E / 41.20306° СГШ; 20.76833° ИГД / 41.20306; 20.76833
Основни податоци
Место Требеништа
Општина Дебрца
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период бронзено време
железно време
хеленистичко време
римско време
Портал „Археологија“

Требенишко калеархеолошко наоѓалиште во селото Требеништа, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од бронзеното, железното, хеленистичкото и римското време.[1]

На југоисточната страна над селото се издига висок рид со надморска височина од 1.080 м, со кој практично завршува Вишовска Планина. Врвот му е зарамнет и на него се гледаат остатоци од ѕидови на тврдина, градена од кршен камен и варов малтер, на кои се распознаваат неколку фази на градба и интервенции. По целата површина на населбата се забележуваат фрагменти од керамички садови од различна временска и културна провениенција. Оние во средиштето се од неолитското, бронзеното и железното време, а оние по падините од јужната и западната страна од хеленистичкото и римското време. На понискиот дел од јужната падина се наоѓа некропола на која со ископувањата во 1953/54 година биле откриени и истражени 17 гробни целости, а на повисокиот дел од истата падина била пронајдена римска некропола. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дебрца
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 277, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069