Нивишта (Врбјани)
Нивишта — археолошко наоѓалиште во селото Врбјани во областа Дебрца. Претставува средновековна населба и некропола. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, на брегот југоисточно од денешната црква Св. Петка, и претставува простор со обработливи ниви. На места по површината се забележуваат фрагменти од керамички садови, а до неодамна постоеле и темели од станбени објекти. Сопствениците на нивите наоѓале разновидни предмети од железо и сребро.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Црквиште - Петрчани — средновековна црква со некропола;
- Врбјани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 244, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Врбјани (Охридско)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Дебрца
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Охридско