Думејнчка Горица (Лешани)
Думејнчка Горица — археолошко наоѓалиште во охридското село Лешани, Општина Дебрца. Претставува населба од неолитско време.
Се наоѓа северозападно од селото, на околу 500-700 м југозападно од крстосницата Лешани-Велмеј-Грко Поле. Претставува издолжен рид на чиј зарамнет седлест дел, на просторот од неколкуте ниви на жителите од селото има фрагменти од неолитска керамика.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 250. ISBN 9989-649-28-6.