Катуништа (Белчишта)
Катуништа или Косарска Нива — археолошко наоѓалиште во селото Белчишта во областа Дебрца. Претставува средновековна населба со црква и некропола. На околу 2 км североисточно од селото, кон планината Сини Вирој, при обработувањето на земјиштето биле откривани остатоци од градби ѕидани од камен и кал, огништа, железни предмети - орудија и друго. Во нивата на еден селанец се откриени остатоци од мала еднокорабна црква со полукружна апсида градена од камен, бигор, тули и варов малтер. Во внатрешноста на градбата се најдени и гробови градени од камени плочи без гробни прилози.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Св. Атанасија — средновековна црква;
- Св. Василиј — црква од развиеното средновековие;
- Св. Јован (Кај Смрекана — средновековна црква и некропола;
- Белчишта;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 238, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Белчишта
- Археолошки наоѓалишта во Општина Дебрца
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Охридско