Оровник (археолошко наоѓалиште)
„Оровник“
| |
Местоположба | 41°10′24″N 20°45′15″E / 41.17333°N 20.75417°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Оровник |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Оровник — археолошко наоѓалиште во охридското село Оровник, Општина Дебрца. Претставува населба и некропола од хеленистичко и римско време.
Во централниот дел на селото, западно од селската црква, во дворот на Трајан Секулоски се откриени темели од објекти ѕидани од камен и варов малтер, како и повеќе гробови градени, исто така, од кршен камен и варов малтер, а некои од тули. По површината се среќава множество фрагменти од керамички садови. Источно од црквата, во дворот на Крсте Митески, во 1962 година бил откриен гроб од камени плочи во кој се најдени бронзена монета од Аврелијан (275 г.) и една мермерна птица со природна големина.[1]
Во источниот дел на селото, во дворното место на Бранко Мојсоски, при изградбата на гаража се откриени остатоци од римски терми, на кои во 1981 г. се извршени археолошки истражувања. Северозападно од селото на неколку места се откриени керамички цевки од водовод кој водел кон термите.
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Под Црквата — некропола од железно време
- Тројани — некропола од римско време
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 254. ISBN 9989-649-28-6.
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Оровник
- Археолошки наоѓалишта во Општина Дебрца
- Археолошки наоѓалишта во Охридско