Под Црквата (Оровник)
Под Црквата — археолошко наоѓалиште во охридското село Оровник, Општина Дебрца. Претставува некропола и железното време.
Западно од селската црква, на просторот на куќата и дворот на Трајан Секулоски се откриени повеќе гробни конструкции од кршен камен, а некои од тули. По површината на дворот има фрагменти од керамички садови карактеристични за железното време.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 254. ISBN 9989-649-28-6.