Прејди на содржината

Оџа Бавча (Велмеј)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Оџа Бавча“

Карта

Местоположба 41°17′53″N 20°54′5″E / 41.29806°N 20.90139°E / 41.29806; 20.90139
Основни податоци
МестоВелмеј
ОпштинаДебрца
Тип

 некропола


Период ран среден век
Портал „Археологија“

Оџа Бавча — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Во северозападниот крај на селото, при копањето на темели за згради за селската задруга, во 1950 година биле откриени и уништени повеќе гробни конструкции со насоченост исток-запад. Учесниците во акцијата наоѓале стаклени белезици, бронзени прстени и друго (според археологот Васил Лахтов). Овие констатации се главно потврдени со површински белези и сведочење на поввеќе жители од селото.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069