Селце (Слатино)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Селце

Карта

Местоположба 41°21′10″N 20°52′24″E / 41.35278° СГШ; 20.87333° ИГД / 41.35278; 20.87333Координати: 41°21′10″N 20°52′24″E / 41.35278° СГШ; 20.87333° ИГД / 41.35278; 20.87333
Основни податоци
Место Слатино
Општина Дебрца
Тип

 населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Селцеархеолошко наоѓалиште во охридското село Слатино, Општина Дебрца. Претставува населба од средниот век.

Се наоѓа на околу 700 м североисточно од селото, на надморска височина од околу 850 м. Одликите покажуваат дека станува збор за типично средновековно словенско селиште кое континуирано продолжува да постои во денешното село Слатино.[1]

На еден мал срт во средишниот дел на наоѓалиштето се забележуваат основи од помала градба — црквичка во чија северна половина и денес стои стар гроб со насоченост исток-запад, изграден од бигорни плочи.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 277. ISBN 9989-649-28-6.