Кутлина (Велмеј)

Координати: 41°17′53″N 20°54′5″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД / 41.29806; 20.90139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кутлина

Карта

Местоположба 41°17′53″N 20°54′5″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД / 41.29806; 20.90139
Основни податоци
Место Велмеј
Општина Дебрца
Тип

 населба  некропола


Период праисторија
ран среден век
Портал „Археологија“

Кутлинаархеолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува населба од неолитското, бакарното, бронзеното и железното време, и раносредновековна некропола. Се наоѓа на 1 км југоисточно (повеќе јужно) од селото, десно од меѓуселскиот пат Велмеј - Брежани (40 км северно од Охрид). Претставува елипсовидна височинка — тумба, со правец на протегање исток-запад и е една од неколкуте тумби што се простирааат југоисточно од селото. Околу нив има мочуриштен терен со слаби извори на кисела вода, а јужно паралелно со нивното протегање тече Велмешко-средоречка Река. Тумбата Кутлина е речиси целосно раскопана заради експлоатација на травертин со кој обилува целиот терен, и покрај тоа што уште во 1953 година е ставена под Законот за заштита на спомениците на културата. Со теренска проспекција, рекогносцирање и микроистражувачки археолошки зафати е заклучено дека се работи за комплексно наоѓалиште каде што се живеело и погребувало во времето на праисторијата и раниот среден век. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Охрид.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069