Требеништа (Горенци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Требеништа
археолошко наоѓалиште
Требеништа is located in Македонија
Требеништа
Местоположба на Требеништа во Македонија
Местоположба 41°11′28″N 20°44′38″E / 41.19111° N; 20.74389° E / 41.19111; 20.74389Координати: 41°11′28″N 20°44′38″E / 41.19111° N; 20.74389° E / 41.19111; 20.74389
Основни податоци
Место Горенци
Општина Дебрца
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период железно време
Портал „Археологија“

Требеништа - Сува Чешма, Три Чељусти, Вртуљкаархеолошко наоѓалиште во охридското село Горенци, Општина Дебрца. Претставува важна некропола од железното време, прогласена за културно наследство на Македонија.

На трите месности што лежат на околу 1,5 км јужно од селото Требеништа, а на околу 200 м источно од северниот крај на пистата на Охридскиот аеродром е откриен голем број гробови од т.н. „некропола Требеништа“.[1]

Историја на ископувањата[уреди | уреди извор]

Со археолошките ископувања од 1918 година, па со прекин до 1972 година се откриени вкупно 56 гробни конструкции, меѓу кои првите 13 гроба се исклучително богати со многубројни прилози и се наречени „кнежевски“, а останатите имаат поскромен гробен инвентар и се назначени како „сиромашни“. Со најновите археолошки ископувања е пронајдено дека во некрополата се вршени погребувања од крајот на VII до крајот на IV век или до крајот на III век п.н.е., со нагласок на крајот на VI и на почетокот на V век пред н.е., од кога потекнуваат „кнежевските“ гробови. Повеќе гробови биле откриени во текот на воените операции и при изградбата на патот Охрид-Кичево од страна на бугарските војници во пролетта на 1918 година, потоа при ископувањето во 1918 година под раководство на Карел Шкорпил. Ископувањата од 1930 до 1934 година се под раководство на Никола Вулиќ, ископувањата во 1953/54 од страна на Васил Лахтов и Ј. Кастелиц и во 1972 година под раководство на Владо Маленко.[1]

Наодите од ископувањата се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, во Народниот музеј во Белград и во Заводот и музеј во Охрид.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 245-246. ISBN 9989-649-28-6.