Лаишта (Ново Село)
Лаишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Ново Село, Општина Дебрца. Претставува гробница од римско време.
Се наоѓа на околу 2 км југозападно од селото и на околу 50 м од магистралниот пат Охрид - Кичево (А2). Претставува елипсовидна тумба со правец на протегање југ-север. Во нејзиниот југоисточен дел случајно е откриен архитектонски објект поставен во правец исток-запад.
Најверојатно претставува ѕидана гробница со сводеста конструкција. Ѕидовите се градени од тули и малтер во комбинација со бигорни камења. Внатрешниот дел од гробницата е малтерисан. Во источниот дел има отвор со димензии од 0,60 × 0,88 м.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Црква — црква и некропола од средниот век
- Црква - Бело Гумно — црква од средниот век
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 253. ISBN 9989-649-28-6.