Селиште Јаорец (Велмеј)
Селиште Јаорец — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува населба од развиениот и доцниот среден век.
Се наоѓа на околу 3 км југоисточно од селото, заграден со местата со топонимите Бачилишта (исток), Јаоречка Река (запад), Козица (север) и долината Завој (југ). Зарамнетиот терен на ридестиот простор денес е запуштен и обраснат. На две места се забележуваат грамади од камења, а на едно место ѕид.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Пештера Јаорец — блиска пештера, засолниште на ловци од палеолитот
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 243. ISBN 9989-649-28-6.