Зластрана (Горно Средоречие)
Зластрана — археолошко наоѓалиште во охридското село Горно Средоречие, Општина Дебрца. Претставува населба од неолитското време.
Се наоѓа на околу 500 м североисточно од селото, на простор кој претставува блага падина во јужното подножје на планината Зластрана, зафаќајќи го всушност северниот дел од Средоречко Поле кое е заградено со планински масиви. На површина од 3.800 м2 е утврдена населба од раниот неолит. Во 1988 г. Заводот и музеј од Охрид извршил помали археолошки истражувања.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 247. ISBN 9989-649-28-6.