Прејди на содржината

Кула (Песочани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кула

Карта

Местоположба 41°19′26″N 20°47′50″E / 41.32389°N 20.79722°E / 41.32389; 20.79722
Основни податоци
МестоПесочани
ОпштинаДебрца
Тип

 утврдена населба


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Кулаархеолошко наоѓалиште во охридското село Песочани, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од доцноантичко време и средниот век.

Се наоѓа на околу 500 м источно од селото, на левиот брег на реката Сатеска, северно и североисточно од Новоселско и Песочанско Поле. Претставува особено доминантен рид кој на североисточната страна е поврзан со ред пониски ритчиња означени со заедничкото име Габер. Зарамнетиот дел бил утврден со тврдински ѕид, најверојатно од времето на доцната антика па сè до развиениот среден век.[1]

По површината се забележуваат грамади од камења кои се од урнати градби градени од кршен камен, тули и варов малтер. Има и податоци за ѕидови градени од камен и кал. Присутна е и фрагментирана садова и градбена керамика. Во југоисточното подножје на ридот се забележуваат остатоци од други градби.[1]

Се претпоставува дека на ова место бил подигнат стариот средновековен град Дебрец.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 273. ISBN 9989-649-28-6.