Пашина Горица (Велмеј)
Пашина Горица — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од доцноантичко време.
Се издига северно од наоѓалиштето Бучишта, северно од меѓуселскиот пат Грко Поле-Оздолени, а десно од патот Горно Средоречие-Сошани. На падината од горицата, спроти Бучишта, како и во профилот на трапот што поминува покрај нејзиното јужно подножје, се забележуваат остатоци од нарушени гробни конструкции.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 243. ISBN 9989-649-28-6.