Рупи (Мраморец)
Рупи — археолошко наоѓалиште во охридското село Мраморец, Општина Дебрца. Претставува топилница од доцната антика.
На 3 км југоисточно од селото, на една пространа падина високо во планинскиот предел се среќава множество згура од топена железна руда, фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Градиште - Кутлиња — утврдена населба (збег) од доцноантичко време
- Мрамор — некропола од средниот век
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 253. ISBN 9989-649-28-6.