Св. Василиј (Белчишта)
Свети Василиј — црква од развиеното средновековие кај селото Белчишта во општина Дебрца. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, северно од патот Белчишта-Средорече и во непосредната близина (200-300 м) на наоѓалиштата Св. Атанасија и Св. Јован. На просторот обраснат со бујна вегетација се забележуваат урнатини и остатоци од мала црковна градба со крстообразна основа. Меѓу вообичаениот градежен материјал доминира бигорот. Ова наоѓалиште, заедно со споменатите два, е најверојатно интегрален дел од топонимот „Селиште“, можеби поголема средновековна рурална населба од која по површината, сега засадена со житни и други земјоделски култури, не се забележуваат никакви археолошки показатели.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 239. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |