Икона (Велмеј)

Координати: 41°17′53″N 20°54′5″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД / 41.29806; 20.90139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Икона


Местоположба 41°17′53″N 20°54′5″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД / 41.29806; 20.90139
Основни податоци
Место Велмеј
Општина Дебрца
Тип

 некропола


Период ран среден век
Портал „Археологија“

Икона или Блатоархеолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Се наоѓа на 1,2 км источно од селото, десно од меѓуселскиот пат Велмеј - Брежани, југоисточно од Кутлина. Претставува заоблена тумба, обрасната со борова шума, со зарамнето плато на чија средина стои исправена плоча од бигор со димензии од 1.75 × 0.70 × 0.20 м. На средината од плочата што е свртена кон запад има изделкан рамнокрак крст со должина и ширина од 0.23 м, а на другата, свртена кон исток, во горната половина има издлабена четвртеста ниша со димензии од 0.26 × о.22 × 0.07 см. Плочата овде е секундарно употребена, а сигурно била дел од гробна конструкција. Претпоставката е дека на тумбата всушност се протега некропола која веројатно била врзана за населбата на наоѓалиштето Кутлина.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069