Војо (Годивје)

Координати: 41°24′07″N 20°43′54″E / 41.40194° СГШ; 20.73167° ИГД / 41.40194; 20.73167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Војо

Карта

Местоположба 41°24′07″N 20°43′54″E / 41.40194° СГШ; 20.73167° ИГД / 41.40194; 20.73167
Основни податоци
Место Годивје
Општина Дебрца
Тип

 населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Војо или Војовоархеолошко наоѓалиште во охридското село Годивје, Општина Дебрца. Претставува населба од средниот век.

Се наоѓа на околу 5 км западно од селото, на местото каде што Годивска Река свртува кон југозапад. Месноста го носи називот Долно Војо и е обрасната со густа шума. По површината од двете страни на патот што води кон Горно Војо се забележуваат урнатини од градби, како и фрагменти од керамички садови.[1]

Според преданието, жителите од оваа населба, како и тие од селото Гроов, кон средината на XVIII век одново го населиле селото Годивје кога било преосновано по неговото пропаѓање.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 244. ISBN 9989-649-28-6.
  2. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.