Св. Богородица Пречиста (Злести)
„Св. Богородица Пречиста“
| |
![]() Поглед на ископините од Св. Богородица, заедно со новата црква | |
Местоположба | 41°17′01″N 20°48′51″E / 41.28361°N 20.81417°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Злести |
Тип | |
Период | римско време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Св. Богородица Пречиста (понекогаш спомнувано и како Раштани) — старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола, чиишто остатоци и рушевини од ѕидините се наоѓаат во наоѓалиштето „Раштани“, во непосредна близина на селото Злести, 30 километри северно од градот Охрид.[1]
Средновековната црква на наоѓалиштето изградена на темели на старохристијанска базилика се верува дека била подигната за време на животот и делото на светите Климент и Наум.[2][3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Во месноста Раштани на 2 километри југозападно од селото Злести и на околу 400 метри десно од патот кон соседното село Ботун има блага падина на која се гледаат урнатини од црква, која жителите ја викаат „Св. Богородица Пречиста“.
Градба
[уреди | уреди извор]Црквата е триконхална, со нартекс и егзонартекс, како и со две помали простории - анекси, кои се наоѓаат северозападно од северната и југозападно од јужната конха. Најголемата должина на црквата е 17 метри, а ширината е 9 метри. Градена е од кршен камен и варов малтер, на одделни места со тули. Ширината на ѕидовите изнесува 0,90 метри, а најголемата зачуваност е 2 метри и тоа на северниот анекс.
Пронајдоци
[уреди | уреди извор]По ѕидовите во внатрешноста на црквата се сместени повеќе мермерни меноа, бази со орнаменти, фрагменти од столбови, мермерен праг, сите употребени како сполии. Меѓу нив има и една ара со натпис што е нечитлив. Овие податоци укажуваат дека оваа црква е подигната врз темели на старохристијанска базилика. Југозападно од неа се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Злестински манастир
[уреди | уреди извор]Во самото наоѓалиште, во поново време е изградена новиот Злестински манастир заедно со неговата единствена манастирска црква „Рождество на Пресвета Богородица“, изградена во непосредна близина на наоѓалиштето.
Наоѓалиштето во рамките на манастирскиот двор се наоѓа во средина, со што е продолжена низата на црковни објекти кои се наоѓале на оваа месност од старохристијанскиот период до денес.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Остатоци од градби и ѕидини на наоѓалиштето
-
Покриен дел на самото наоѓалиште
-
Икони сместени во наоѓалиштето
-
Артефакт на наоѓалиште
-
Дел од ѕидините заедно со новата камбанарија на Злестинскиот манастир
-
Дел од ѕидините заедно со новоизградената црква
-
Дел од ѕидините
-
Поширок поглед на наоѓалиштето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Т., О. (5 октомври 2013). „Фрескоживописот, сакралната и рурална архитектура и селските слави и обичаи во Дебрца“. OhridNews.com. Охрид. Посетено на 27 август 2016.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Архитектура“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 116. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Св. Богородица Пречиста (Злести) на Ризницата ?
|
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Злести
- Археолошки наоѓалишта во Охридско
- Културно наследство на Македонија во Општина Дебрца