Градиште (Мраморец)
Градиште или Кутлиња — археолошко наоѓалиште во охридското село Мраморец, Општина Дебрца. Претставува збег (утврдена населба) и доцната антика.
Кутлиња е доминантен рид што се издига на околу 2 км југозападно од селото. Врвот му е зарамнет, а околу него се забележуваат остатоци од тврдински ѕид. Под врвот се простира зарамнета површина со две плитки котлинки една до друга, во правец југоисток-северозапад. По површината се забележуваат фрагменти од градбена и садова керамика.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 253. ISBN 9989-649-28-6.