Манастириште (Велмеј)
Изглед
„Манастириште“
| |
Местоположба | 41°18′03″N 20°57′15″E / 41.30083°N 20.95417°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Манастириште — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува сакрален објект од средниот век.
На околу 4 км воздушна линија источно од селото, околу 2 км североисточно од наоѓалиштето Писан Камен и на околу 50 м лево од Јаоречка Река има зарамнет простор со димензии од 100 × 30 м. На средината се забележува грамада од камења со димензии од 20 × 10 м, а западната страна обилува со купишта камења кои укажуваат на постоење на урнат ограден ѕид. Околностите зборуваат за манастирски комплекс.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 242. ISBN 9989-649-28-6.