Горно Средоречие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горно Средоречие
Викиекспедиција Дебарца 160.jpg

Поглед на селото Горно Средоречие

Горно Средоречие is located in Македонија
Горно Средоречие
Местоположба на Горно Средоречие во Македонија
Координати 41°18′2″N 20°51′9″E / 41.30056° СГШ; 20.85250° ИГД / 41.30056; 20.85250Координати: 41°18′2″N 20°51′9″E / 41.30056° СГШ; 20.85250° ИГД / 41.30056; 20.85250
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Област Дебарца
Население 14[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Надм. вис. 772 м
Слава Ѓурѓовден
Commons-logo.svg Горно Средоречие на Ризницата


Горно Средоречие — село во Општина Дебарца, во областа Дебарца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Горно Средоречие се наоѓа на 2,5 километри од општинското средиште Белчишта, во областа Дебарца. Селото е мало и е од збиен тип. Надморската висина е 770 метри.

Во близина е археолошкото наоѓалиште Зластрана од неолитскиот период. Околни села се Лешани на југоисток, Велмеј на исток, Оздолени на север, Сошани на североисток, и Белчишта на запад. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња Бигрешица, Локви, Бара, Ќиско, Иринец, Горица, Зелени Пат, итн.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Горно Средоречие се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Средоречие имало 100 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Средоречие имало 56 жители.[4]

Во 1953 и 1961 година, бројот на жители во селото бил сметан заедно со блиското село Долно Средоречие.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Горно Средоречие живееле 14 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 100 56 175 297 161 140 80 59 38 14
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Горно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок настанато е средината на XIX век кога е настанато и Долно Средоречие. Родовите во селото може да се поделат на родови кои се доселени до крајот на турското владеење и родови доселени после тоа.[8]

Родови доселени од средината на XIX век до крајот на турското владеење се: Иљовци (5 к.) доселени се од соседното село Белчишта, за нив се вели дека многу скитале по селата „кај сѐ не биле“; Ушковци (3 к.) и тие се доселени од соседното село Белчишта, а некое време живееле и во селото Грко Поле; Настовци (3 к.) и Наумовци (3 к.) и тие се доселени од Белчишта, некогаш чинеле еден род и Стефановци (2 к.) се доселеници со непозната старина.

Родови доселени после отоманското владеење со Македонија, т.е. после 1912 година: Марковци (7 к.), Миленковци (2 к.) и Божиновци (1 к.) доселени се од селото Брежани; Настевци (3 к.) и Савевци (2 к.) доселени се од селото Ботун; Дојчиновци (3 к.) доселени се од селото Слатино и Настовци (2 к.) доселени се од селото Куратица.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Горно Средоречие се:

Јанковци (3 к.), доселени се околу 1850 година од селото Белчишта; Ушковци (4 к.) доселени се од селото Грко Поле, а таму дошле од селото Белчишта; Опеловци или Ефтиновци (2 к.), доселени се во 1908 година од селото Долно Средоречие, таму се доселени од Белчишта; Трајковци или Настовци (3 к.), доселени се во 1913 година од селото Ботун; Лаловци (2 к.), доселени се во 1913 година од селото Брежани; Кулевци или Бутевци (2 к.), доселени се во 1914 година од селото Белчишта, доселени се преку селото Долно Средоречие; Спировци или Богојовци (3 к.), доселени се во 1918 година исто така од селото Брежани; Савевци (2 к.), доселени се околу 1920 година од селото Ботун, каде припаѓале на родот Карафиловци; Божиновци (1 к.), доселени се во 1920 година од селото Брежани, каде припаѓале на родот Сукловци; Настовци (1 к.), доселени се во 1918 година од селото Куратица; Слатинци или Размовци (3 к.), доселени се во 1925 година од селото Слатино, каде припаѓале на истоимениот род и Дојчиновци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Белчишта.

Роми: Демировци (1 к.), доселени се во 1945 година од селото Белчишта како ковачи.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Горно Средоречие, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква, изградена во 1936 година
Цркви[9]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948: од Јанковци иселеници има во Јужна Америка (2 фамилии, од 1903 година) и Австрија (1 фамилија, од 1922 година); од Ушковци има иселеници во Јужна Америка (1 фамилија, од 1922 година): од Кулевци иселеници има во Јужна Америка (1 фамилија, од 1923 година).[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 1 октомври 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 . Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Горно Средоречие. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
Забелешки
  1. Податоците за населеното место Долно Средоречие, согласно важечките територијални организации, во пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Горно Средоречие.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]