Злести
Злести | |
![]() Поглед на селото Злести | |
Координати 41°16′57″N 20°49′49″E / 41.28250° СГШ; 20.83028° ИГДКоординати: 41°16′57″N 20°49′49″E / 41.28250° СГШ; 20.83028° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Дебрца |
Население | 294[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19018 |
Надм. вис. | 780 м |
Слава | Ѓурѓовден |
![]() |
Злести — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
Помеѓу населението на селото постои предание дека селото порано се викало Лески, и дека се наоѓало во правец на селото Лешани, тоа место и денес се вика Лески. Од Лески името се преиначило во Злести.[2]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Злести се граничи со следните села: на север со Белчишта, општинско средиште на Општина Дебрца, на запад со селото Ботун, на југозапад со Мешеишта, на југоисток со Куратица, на исток со Лешани, Долно Средоречие и Грко Поле на североисток, а на југ со Сирула.
Од градот Охрид оддалечено е 22 километри. Од регионалниот пат Охрид-Кичево оддалечено е 3 километри.
Од јужната и западната страна е опкружено со планини кои се богати претежно со дабова и иглолисна шума во помали количини, а во помал обем и букова шума.
Историја[уреди | уреди извор]
За постанокот на денешното село се искажува следното предание. Во многу стари времиња во близина на селото Злести постоеле други две помали населби, едната населба се викала Лески, а другата Раштани. Некој човек со своите пет сина после пустошот на старото село Раштани морал да се исели од таму, и дошол во селото Злести. Нив ги викале Маленковци, Пашовци, Беговци, Кадијовци и Ќосевци, подоцна се разграниле на повеќе родови.[3]
Во XIX век, Злести се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Од северната и источната страна на селото се простира голема низина која е погодна за одгледување на житарици. Од другите земјоделски култури во помали количини се одгледува пченка, грав, компир, пиперки и други градинарски култури.
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Злести имало 530 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Злести имало 520 жители.[5]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 294 жители, од кои 291 Македонец и 3 останати.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 530 | 520 | 701 | 721 | 680 | 552 | 504 | 369 | 333 | 294 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Злести е македонско село
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Дебрца“ до V одделение[10], подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ - Белчишта
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Злести, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Злести се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1319 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Градиште — населба од бронзено време;
- Св. Богородица Пречиста (Злести) — старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола;
- Св. Никола — средновековна црква со некропола;
- Страишта — утврдена населба од железно време.
- Цркви[14]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска и гробјанска црква
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — новоизградена црква кај археолошкото наоѓалиште
- Манастири
- Злестински манастир — новоизграден манастир во близина на селото
- Параклиси
- Св. Никола — сместен под главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Ѓурѓовден (6 мај) — селска слава
Личности[уреди | уреди извор]
- Климе Вељаноски - Злеатовчето — македонски комита
- Благоја Дескоски — музичар-виолинист
- Стојан Лакоец — македонски револуционер
- Кирил Стојанов — македонски партизан
- Крсте Ѓоргијов Колоски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Деско Ѓоршев Десковски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Сотир Јанев Димоски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Голоб Маркоски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Ламбе Георгиев Петкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Ванче Наумов Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Андон Силјаноски — македонски партизан
- Васил Попоски — македонски партизан
- Јоне Дескоски — македонски партизан
- Јонче Нестороски — македонски партизан
- Никола Дескоски — македонски партизан
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Иселени злестинци и злестинки можат да се најдат во. Охрид, Битола, Струга, Скопје, Штип, Велес, Австралија, итн.[3]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Од спортот доста е развиен фудбалот, при што има фубалски клуб ФК Злести кој игра во Охридската општинска лига. ФК Злести има свој стадион „Горни-Лаг“ каде ги изигрува своите натпревари. Во изградба е новиот полигон за мал фудбал и други спортови (ракомет, кошарка, одбојка) во склоп на подрачното основно училиште.
Во Злести секое лето се одржува традиционален турнир во мал фудбал.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 август 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Злести. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Грозданоски, Анѓеле (1994). Злести. Охрид.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 86-7025-158-2. OCLC 27418468.
- ↑ „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Посетено на 22 август 2016.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 16,0 16,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 18,0 18,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Злести на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Злести на Карти на Гугл
|