Годивје (Охридско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Годивје
Годивје is located in Македонија
Годивје
Местоположба на Годивје во Македонија
Координати 41°24′6″N 20°47′26″E / 41.40167° СГШ; 20.79056° ИГД / 41.40167; 20.79056Координати: 41°24′6″N 20°47′26″E / 41.40167° СГШ; 20.79056° ИГД / 41.40167; 20.79056
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебрца
Население 92 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 19011
Надм. вис. 892 м
Годивје на општинската карта
Годивје во Општина Дебарца.svg

Атарот на Годивје во рамките на општината


Годивје — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во близина на патот Кичево - Охрид.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Годивје се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на Славеј Планина, оддалечено 27 километри јужно од Кичево и 38 километри северно од Охрид и Струга. Атарот на селото Годивје граничи со атарите на селата:Сливово на исток, Врбјани на север, Ржаново и Селци на запад, Лактиње на југ, и Арбиново на југоисток.[1] Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Горни и Долни Локви, Бел Камен, Војово, Присој, Корија, Рајчиница, Кобилица, итн.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Годивје е старо село, за првпат под името Годивје се спомнува во 1582, кога припаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебрца. Еднаш старото Годивје пропаднало, и народот се иселил во прилепско каде основале ново село Годивје (таму наречено „Годивле“). После пропаста на старото Годивје денешното Годивје го обновиле родови кои живееле во раселените села Војово и Гроов, тоа било средината на ХVIII век .[2] Во Илинденското востание селото било запалено поради силната активност на месното население, при што биле запалени 98 куќи, а биле убиени и неколку невини жители, стари, млади. Населението многу страдало и во текот на Втората светска војна, тогаш трпело насилие од балистите. Од ова село излегле и доста партизани, а во чест на загинатите партизани во селото има споменик.

Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 225 жители христијани (Македонци).[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Годивје живееле 550 жители, сите Македонци.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Годивје имало 576 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Годивје живеат 92 жители, сите Македонци.[6]

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[7]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 550[4] 576[5] 745 736 637 479 267 151 104 92

Родови[уреди | уреди извор]

Годивје во целост е македонско православно село, во минатото само мал период имало и Роми.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:[1]

  • Староседелци: Самарџијовци (20 к.) за нив се збори дека први се поместиле од старото село Гроов; Продановци (7 к.) они се поместиле од месноста Лековита Вода; Сталевци (33 к.) се поместиле од Гроов, после Самарџијовци. Се делат на Мрдовци, Ѓундалевци, Станковци, Бокелевци, Бршковци и Соколовци; Куртовци (12 к.) се поместиле од Гроов. Еден дел од родот се вика Карајановци; Апостоловци (5 к.); Шишковци (15 к.); Крилевци (5 к.); Шутаровци (14 к.) се делат на Чолаковци и Попаѓовци.
  • Доселеници: Ѓаковци или Ѓоковци (25 к.) доселени се околу 1830 година од околината на Ѓаковица во Метохија. Предокот бил ковач во селото.
  • Роми: Дестан (1 к.) се доселил како ковач во селото во 1947 година од Кичево.

Според истражувањата од 1978 година, родови во селото:[2]

  • Староседелци: Чараповци (16 к.), Секуловци (15 к.), Попаѓовци (15 к.), Јаковчевци (10 к.), Шутаровци (7 к.), Андреевци (6 к.), Деспотовци (6 к.), Бачовци (5 к.), Станковци (5 к.), Дојчиновци (5 к.), Шипинковци (4 к.) и Коруновци (1 к.) предците на споменатите родови живееле во месностите Гроов и Војово.
  • Доселеници: Ѓаковци (25 к.) потеклото на овој голем род е како и името што асоцира од околината на Ѓаковица во Метохија. Од таму се иселиле поради крвна одмазда двајца браќа, едниот се населил во Дебарско, додека вториот по име Кузман се населил во денешното село. Како се мисли кај народот од овој род потекнувал Кузман Капидан. Ѓаковци подоцна давале иселеници во Војводина и во Тиквеш. Во овој род се знае следното родословие: Насте (жив на 68 г. во 1978 година) Василе-Ристе-Анѓеле-Кузман, основачот на родот кој се доселил.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1332 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Таму има 3 цркви кои постојат и една која е урната или запалена.Таму се црквите Св.Ѓорѓија, Св.Никола, Св.Спас (кај месноста Црквишта), а во минатото во месноста Горица била црквата Св.Вартоломеј.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Јаќим Димо Попаѓоски(?-1941)македонски револуционер од ВМОРО, член на четата на Дејан Димитров.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеници од ова село има во кичевското село Србјани (Мијаилевци), потоа во Ново Село (Тренески) и во Песочани (од повеќе селски родови).

Помеѓу двете светски војни десетина семејства мигрирале на разни локации, во Канада, Битола, Ниш, Бугарија и во Прилепско.[1]

После Втората светска војна иселеници имало во Војводина (Глогоњ), Тиквеш, Охрид, и на други места.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебрца “ Годивје.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.102-103.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
  5. 5,0 5,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 162-163.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. 10,0 10,1 10,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  11. 11,0 11,1 11,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  12. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  13. 13,0 13,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  14. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  16. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]