Кузман Капидан (лик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кузман Капидан е лик во во поемата на „Сердарот“ напишана од Григор Прличев.

Преданијата за Кузман Капидан[уреди | уреди извор]

Кузман Капидан бил родум од Дебарца, но од кое село точно не се знае. Владимир Качановски наведува дека Кузман Капидан бил родум од селото Дољни Врбљани во чие соседство се наоѓало селото Горни Врбљани. И според Ефрем Каранов, Кузман Капидан бил роден во селото Дољни Врбљани. Ефтим Спространов, пак во своето дело за Џеладин Бег пишува: Кузман Капидан бил родум од Дебарца. Од кое село точно не се знае. Се претпоставува дека бил од селото Сливово, но тоа точно не може да се тврди. Кузман Шапкарев пак тврди дека Кузман Капидан бил родум од селото Врбјани. Според кажувањата на Ставре Наумов Апостоловски од селото Годивје, Кузман Капидан бил родум од селото Сливово, од родот Вељдмовци, исто така и Цветан Симоновски и Трајче Стевановски (обајцата родум од Сливово), веруваат дека Кузман Капидан бил од нивното село. Тој подоцна бил преселен во Охрид, каде ја основал фамилијата Капидановци. По кажувањата пак на Антим Поповски од Слатино, Кузман Капидан бил родум од селото Слатино[1] Според Јован Трифуноски пак, Кузман Капидан бил роден во селото Годивје, од родот Ѓаковци,[2] оваа теорија е најмалку издржлива, бидејќи Кузман Капидан бил роден во 18ти век, во овој период Ѓаковци сеуште не се населени во Годивје. И во самото село Годивје повеќето жители веруваат дека Кузман Капидан бил родум од селото Годивје. Во селото Врбјани пак жителите на селото веруваат дека Кузман Капидан бил родум од Врбјани, поточно од родот Мушевци. Има уште теории како тој бил по мајка од Сливово, а по татко од Врбјани. Било како било, Кузман Капидан бил родум од Дебарца, тој бил роден кон крајот на 18ти век, а починал во 50тите или 60тите на 19ти век, во борбите против муслиманските разбојници.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Кузман е загинат уште на почетокот на поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањето на другите ликови, ретроспективно преку навраќања. Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта на девојката Марија со која сакал да го мине остатокот од животот и да основа семејство.

Овде се раскажува за за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија, односно регионот помеѓу Галичник, Река (област), и селото Стан.

Опис на ликот на Кузман Капидан (од поемата Сердарот)[уреди | уреди извор]

Кузман е сердарот на Река. Тој е јунакот кој се борел со разбојничките банди кои ја напаѓале река.Тој е горд што е син на сердар.Cо тоа ги мотивира своите соборци за тоа како треба да се борат. Кузман е последниот заштитник на Река пред наездата на Албанците и спремен е на се само за да ја изврши својата задача. Го сака својот народ и спремен е да го даде својот живот. Во битките ја покажал својата храброст.

Надворешен опис: Кузман бил силен и горд, тој бил јунак кој секогаш шетал со меч опашен околу половина, меч кој го сонувал додека бил дете, меч со кој победувал во битките. Иако знаел дека четата му е малубројна тоа не го спречило да го даде максимумот од себе. Величественоста на оваа поема е тоа што од устата на непријателот - Арнаутите ја дознаваме вистината за смртта и тие се оние кои доблесно и искрено се поклонуваат првин пред Кузман, а потоа и пред неговата мајка Неда ѝ ја признаваат големата загуба што ја снашло и сите останати со смртта на нивниот Сердар.

И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!
Ти загуби, о мајко, џин!
Народните ќе пеат колена со уста милна
за делата на твојот син...

Кузман е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите .Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта на девојката Марија со која сакал да го мине остатокот од животот и да основа семејство.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Китевски, Марко (2015). Кузман Капидан од народното предание до сердарод. Скопје: Гирланда. 
  2. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ. 
  3. Билјана Богданоска (30.5.10). „Григор Прличев - „Сердарот““. Блогот „Македонски јазик и литература“. конс. 07.03.2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]