Славеј (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Славеј Планина)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Славеј Планина
Највисока точка
Надм. вис.1.714 м
Географија
МестоДебрца, западна Македонија

Славеј — планина во областа Дебрца, Западна Македонија, во состав на големиот масив Шара-Кораб-Дешат-Стогово-Караорман. На југ се граничи со Караорман (во потесна смисла), а на север со Бистра. Важи за дел од Караорман.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна, планината Славеј била партизанска база во состав на слободната територија Дебрца. На неа во 1943 г. се основани неколку партизански единици: одредите „Дримкол“ и „Славеј“, баталјонот „Мирче Ацев“, а во 1944 г. и Шестата македонска ударна бригада.

На Славеј Планина на 18 август се одбележува Денот на Армијата на Република Македонија, кој е денот на основањето на баталјонот „Мирче Ацев“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почесна стрелба во пресрет на Денот на АРМ“. Сител. 17 август 2016. Посетено на 10 февруари 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]