Издеглавје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Издеглавје
Викиекспедиција Дебарца 220.jpg

Поглед на влезот во селото Издеглавје

Издеглавје is located in Македонија
Издеглавје
Местоположба на Издеглавје во Македонија
Координати 41°20′11″N 20°49′36″E / 41.33639° СГШ; 20.82667° ИГД / 41.33639; 20.82667Координати: 41°20′11″N 20°49′36″E / 41.33639° СГШ; 20.82667° ИГД / 41.33639; 20.82667
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Област Дебарца
Население 136[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Надм. вис. 779 м
Слава Митровден
Издеглавје на општинската карта
Издеглавје во Општина Дебарца.svg

Атарот на Издеглавје во рамките на општината
Commons-logo.svg Издеглавје на Ризницата


Издеглавје — село во Општина Дебарца, во областа Дебарца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Издеглавје се наоѓа во областа Дебарца, меѓу Славеј и Илинска Планина. Од Охрид е одалечено 31км, Издеглавје граничи со следните села: од север и северозапад со селата Лактиње и Арбиново, од запад со селото Песочани, од исток со Слатино, и од југ со Оздолени и Слатински Чифлик. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Кочица, Ралејца, Врежалица, Бела вода, итн.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Издеглавје се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Во октомври 1943 година во Издеглавје бил организиран Првиот свештенички собор на кој била донесена одлуката за возобновување на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Издеглавје имало 220 жители, сите Македонци христијани.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Издеглавје имало 224 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Издеглавје живееле 136 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 220 224 471 529 566 445 339 176 150 136
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Во минатото до кај средината на XVIII век во атарот на селото Издеглавје постоело селото Зглавица. Тоа село било огромно и имало околу 500 куќи, но Турците го уништиле селото и многу население убиле. Од тие што преживеале некои го основале денешното Издеглавје, а некои отишле во подалечните места. Родови во селото Издеглавје се:[7]

Тувчевци или Шулевци (20 к.), Трповци (5 к.), Куловци (5 к.), Милевци (3 к.), Гавриловци (6 к.), Игларовци (3 к.), Стојановци (4 к.), Паунковци (4 к.), Николовци (3 к.) и Србиновци (4 к.), староседелци, кои живееле во раселеното село Зглавица; Коњаровци (4 к.) и Савевци (3 к.), доселени се од селото Арбиново, Коњаровци таму имаат истоимени роднини кои се староседелци, и Савевци имаат роднини во Арбиново кои се староседелци; Китановци (5 к.), доселени се однекаде, некои за нив мислат дека се доселени од некое место во Албанија; Штакаровци (2 к.), доселени се од селото Нерези, Дримкол; Цолевци (2 к.), доселени се од селото Врбјани, во Врбјани биле староседелци, таму им се род Гавриловци; Чавдаровци (2 к.), доселени се однекаде.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Издеглавје се:[8]

  • Староседелци: Шулевци (35 к.); Ничевци (7 к.); Марковци (10 к.); Чавдаровци или Андревци (3 к.); Лулевци (7 к.); Китановци (8 к.) и Смилевци или Милевци (3 к.).
  • Доселенички: Коњаровци (3 к.), доселени се во 1850 година од соседното село Арбиново, таму припаѓале на истоимениот род; Прензовци (2 к.), доселени се во 1860 година од селото Сливово, таму припаѓале на истоимениот род; Митревци (1 к.), доселени се во 1865 година од селото Нерези, Дримкол и Димовци (2 к.), доселени се во 1870 година од селото Оздолени, таму припаѓале на родот Шулевци.
  • Роми: Демировци (1 к.), доселени се во средината на XIX век од некое место, овде дошле како ковачи.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Издеглавје, во која покрај селото Издеглавје, се наоѓале и селата Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Слатински Чифлик, во која влегувале селата Издеглавје, Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Обновената црква „Св. Димитриј“, која се наоѓа на селските гробишта надвор од селото

Според преданијата и археолошките испитувања се смета дека некогаш во селото имало 18-26 цркви. Многу од нив се наоѓаат во урнатини.[10]

Цркви[11][12]

Личности[уреди | уреди извор]


Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Шулевци иселеници има во САД (една фамилија, од 1903 година); од Коњаровци иселеници има во САД (една фамилија, од 1903 година)

Вељановци се иселени во Охрид во 1870 година, во Издеглавје припаѓале на некој род.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 21 октомври 2016. 
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 164-165.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  7. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468. 
  8. 8,0 8,1 . Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Издеглавје. 
  9. „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. конс. 22 август 2016. 
  10. Стојчевска- Антиќ, Вера; Методиј Златанов (2006) (на македонски). По стапките на христијанството во Македонија. I, II & III (прво издание). Скопје: Дијалог. 
  11. „Цркви“ (македонски). Дебарско-кичевска епархија. конс. 2010-12-19. 
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]