Слатински Чифлик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слатински Чифлик
Викиекспедиција Дебарца 218.jpg

Поглед на селото Слатински Чифлик

Слатински Чифлик is located in Македонија
Слатински Чифлик
Местоположба на Слатински Чифлик во Македонија
Координати 41°20′11″N 20°51′0″E / 41.33639° N; 20.85000° E / 41.33639; 20.85000Координати: 41°20′11″N 20°51′0″E / 41.33639° N; 20.85000° E / 41.33639; 20.85000
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебрца
Област Дебрца
Население 11[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Слатински Чифлик на општинската карта
Слатински Чифлик во Општина Дебарца.svg

Атарот на Слатински Чифлик во рамките на општината
Commons-logo.svg Слатински Чифлик на Ризницата


Слатински Чифлик — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Слатински Чифлик се наоѓа во областа Дебрца, во подножјето на Илинска Планина.

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците од преданијата и историските записи Слатински Чифлик е младо село кое било основано во 1880 година од страна на Шаќир-бег кој живеел во Битола и Дебар, а тука на атарот на соседното село Слатино населил 4 семејства[2]. Чифликот се распаднал веднаш по завршувањето на Првата светска војна, а обработливото земјиште кое зафаќало површина од околу 100 хектари (1 хектар е „три кила семе“) ја купиле жителите на ова и соседните села Слатино и Оздолени[2]

Во XIX век, Слатински Чифлик се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Во 2013 година, селото се нашло под опасност да биде потопено, откако напукнал земјениот насип на Слатинското Езеро, изградено во 1963 година, кое се наоѓа на само 2 километри од селото.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Слатински Чифлик имало 40 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слатински Чифлик имало 40 жители.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Слатински Чифлик живееле 11 жители, сите Македонци.[1]

Во 2013 година се проценувало дека останале само четворица жители.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 40 40 132 140 124 92 48 17 14 11
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Во 2008 година во селото живееле само 3 жители тоа биле: Јордан Кочоски, Божин Петрески и Трајче Китески.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Слатински Чифлик се:[10]

  • Доселеници: Китевци (5 к.), потекнуваат од селото Брезово во Железник. Од таму се иселиле околу 1840 година, најпрво во Издеглавје, па во селото Слатински Чифлик; Стевчевци или Петревци (3 к.), доселени се во 1878 година од селото Белчишта, каде припаѓале на родот Стевчевци; Иљовци (3 к.), доселени се во 1903 година од селото Сошани; Шулевци или Војневци (1 к.), доселени се во 1903 година од селото Оздолени, каде припаѓале на истоимениот род; Димовци (1 к.), доселени се во 1920 година од селото Сливово, каде припаѓале на родот Димчевци.

Роми: Таировци (1 к.), доселени се во 1928 година од селото Оздолени, како ковачи. Пред тоа живееле во селото Оздолени, а уште порано во селото Издеглавје.

Според истражувањата од 1978 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Китевци (7 к.) најстар селски род. По потекло се од некое село во соседната област Железник. Од таму се населиле во селото Издеглавје, па потоа еден предок (Вељан) се доселил во Слатински Чифлик околу 1880 година. Во Издеглавје имаат роднини, Милевци. Го знаат следното родословие: Милан (жив на 65 г. во 1978 година) Неде-Вељан-Ките, Вељан се доселил од Издеглавје; Петревци (4 к.) доселени се одма после родот Китевци. Доселени се од селото Белчишта, каде имале роднини, Стевчевци; Иљовци (3 к.) доселени во исто време со претходниот род од селото Сошани. Таму имале роднини, и биле староседелци; Србиновци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Сливово.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Издеглавје, во која покрај селото Слатински Чифлик, се наоѓале и селата Издеглавје, Оздолени, Слатино и Сошани. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на некогашната Општина Слатински Чифлик, во која влегувале селата Издеглавје, Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 1326 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на здружен дом.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 30 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Новоизградената црква „Св. Богородица“ во селото
Цркви[13]

Личности[уреди | уреди извор]

Марко Китевски - Македонски фолклорист.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Родот Ратајковци е иселен во Слатино околу 1898 година, Секуловци се иселени во Оровник, а по потекло биле од Лактиње.

Во Охрид и Охридско се иселиле 39 фамилии: од Арсланоски (три фамилии), Војнески (три фамилии), Иљоски (девет фамилиии), Китески (седумнаесет фамилии), Петрески (седум фамилии).

На други места се иселени: Иљоски (девет фамилии во Скопје, и една во Кичево), Китески (две фамилии во Скопје, една во Кичево, една во Подмоље, и една во Кралево), и од Петрески (две фамилии во Струга, и една во Скопје).[9]

Меѓу првите иселеници од ова село се вбројуваат: Славе Петрески (Мучоски) во Струга, Миладин и Трајан Иљоски во Скопје, Круме Китески во Кичево, Душан Китески во Кралево, и Миле Китески, Петре и Иван Иљоски, Ристо Иљоски и Левко Иљоски во населбата Ѓорче Петров (Скопје), и др.[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски Ф., Јован (1992). Охридско-струшка област. Антропогеографска проучавања (српски). Белград: САНУ. стр. 283–284.
  3. 3,0 3,1 А., Е. (24 февруари 2013). „Евакуирани четворицата жители на Слатински Чифлик“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. Посетено на 17 октомври 2016.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 164-165.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 9,2 Смилески, Димитрија (2008). Оздолени, Слатински Чифлик и Сошани. Охрид.
  10. Русиќ, Бранислав. Дебрца-Слатински Чифлик. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]