Митушко Савески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Митушко Алеков Савески (Годивје, Охридско — 1945 во Скопје) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Митушко Алеков Савески е роден во селото Годивје. Се занимавал со земјоделие. Организиран како младински активист работи за движењето од 1943 година. Доброволно стапува во НОБ на 5 јули 1944 година, во составот на Шестата македонска бригада. Од здобиените рани во борбите умира во воената болница во Скопје во 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)